fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Лукот е извор на здравје

Светската здравствена организација неодамна објави дека лукот, како додаток во исхраната е одличен лек во борба против хиперлипидемија и артеросклероза.

Конечно некој се сетил да го докаже она што го слушаме откако знаеме за себе – лукот е извор на здравје.

Како додаток во исхраната, се препорачува за пациенти кои патат од вишок маснотии во крвта, васкуларни проблеми, повишен крвен притисок…

Метју Бадоф е лидер на истражувањето, со кое се донесени нови докази за предностите на лукот во лечењето срцеви заболувања.

Научниците ја следеле состојбата на 55 испитаници на возраст од 40 до 75 години, кои патат од повишен крвен притисок, дебелина и кардиоваскуларни болсети. Измерена е количината на маснотии и калциум во нивните артерии.

Истражувањето траело година дена.

На една група и е даван плацебо, а на останатите 2,4 мг екстракт од лук – кај нив притисокот во артериите се намалил за 80 отсто.

Откриено е и антибактериско дејство на оваа лековите состојка.

Со тоа што спречува висок крвен притисок во артериите, го успорува развојот на кардиоваскуларни болести. Лукот е одличен чувар на здравјето.

Лукот не мора да биде само лек, туку и одлична превентива. Затоа не чекајте да биде доцна, веднаш додајте го во исхраната.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close