Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Мајско утро како во ноември со обилен дожд
Максималните дневни температури ќе бидат во мал распон и тоа од 14 на повисоките места, до 18 во регионите на Гевгелија, Дојран и во скопската котлина. Температурата ќе достигне до 18 степени.
Рано утрово во поголемиот дел од Македонија е врнежливо, а на места дождот е постојан и интензивен. Температурите се есенски, од 7 на повисоките места, до 13 степени на југоистокот од земјата. Од УХМР прогнозираат во текот на денот времето да биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија.
Максималните дневни температури ќе бидат во мал распон и тоа од 14 на повисоките места, до 18 во регионите на Гевгелија, Дојран и во скопската котлина.
Во Скопје се очекува врнежливо утро, во текот на денот облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 18 степени.