fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена

Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Северна Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун.

Република Северна Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Според истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“, преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4 отсто, додека во европските земји е далеку пониска или ЕУ просекот е 29 проценти. Во Шведска преваленцата изнесува 8,7 отсто, а во Грција и Бугарија 27 проценти.

-Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Северна Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените. Преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години (60,1 процент за пушачи на дневна основа), објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика.

Таа додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест, покажува истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“ спроведено заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa.

Станува збор за регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот кое е една од првите студии во Северна Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close