Македонија е меѓу десетте најсиромашни земји во Европа
Балканот и натаму сиромашен
Македонија е на шестото место на листата на 10 најсиромашни држави во Европа. Зад нашата земја се Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора, а на врвот на листата се Украина, Грузија, Косово, Молдавија и Албанија.
За Македонија пишува дека земјата од 1991 година претрпе драматични економски промени и постепено ја подобруваше својата економија.
За БиХ пишува дека три години беше во војна, поради што е уништена инфраструктурата и економијата.
За Србија е наведено дека во 2009 година била во рецесија, но сега се подобрува. За нив се вели дека имаат силна енергетска и индустрија за производство на храна.
Листата ја објави worldpopulationreview.com.https://faktor.mk/balkanot-i-natamu-siromashen-makedonija-e-edna-od-najsiromashnite-drzavi-vo-evropa