fbpx
Вести

Намалени приносите на пченица и јачмен во Кумановско

pcenica

Заврши жетвата на јачмен во Кумановско, а ожнеани се и над 90 проценти од површините со пченица, но приносите на двете култури се пониски во однос на претходните години, најмногу поради неповолните временски услови.

Заврши жетвата на јачмен во Кумановско, а ожнеани се и над 90 проценти од површините со пченица, но приносите на двете култури се пониски во однос на претходните години, најмногу поради неповолните временски услови.

Како што информира раководителот на Подрачната единица на Министерствто за земјоделство, шумарство и водостопанство Насер Даути, кај земјоделските претпријатија приносите се од 2.000 до 2.500 килограми по хектар, додека кај индивидуалните земјоделци 1.000 до 1.500.
– Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се посеани 12.820 хектари пченица од кои најголем дел кај индивидуалните земјоделци, 10.820. Јачмен е засеан на 8.713, од кои  7.713. кај индивидуалните земјоделци, сооппти Даути.
Земјоделците од трите општини сееле и целосно ја завршиле жетвата на рж на површина од 347 хектари, како и на овесот кој годинава бил застапен на 901 хектар.
Подрачната единица информира и дека комисиите за проценка на штети во два наврата, по однос на доставени барања, излегле на терен, извршиле проценка, подготвиле  записници и ги доставиле до Владата.
Во Кумановско поради пролетниот мраз во феврауари штета претрпеа лозовите и овошните насади од 40 до 100 проценти. Подоцна, пролетта, штета претрпеа и градинарски култури, а овошните насади вторпат, што значително ќе влијае на приносите.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close