fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Македонија ќе добива маслиново масло и урми од Јордан, а ќе извезува јагнешко, овошје и зеленчук

Ќе извезуваме јагнешко, овошје и зеленчук

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Јордан, се сретна со министерот за земјоделство, Кхалид Ал Ханифат со кого потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Македонија и Владата на Хашемитското Кралство Јордан за соработка во областа на земјоделството, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите двете земји.

– Со потпишување на овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Северна Македонија во Јордан, а од Јордан зголемување на увоз на маслиново масло и урми во Северна Македонија. Тоа е особено важно за двете земји, имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храна во овој регион и потребата од диверзификација на снабдувањето со прехранбени продукти. Од друга страна, ние име потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и немам сомнеж дека ова ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи во полза на граѓаните од двете земји – истакна Османи.

Двајцата соговорници потенцираа дека особено значајна е размената на искуства во областа на земјоделската политика, спроведување на конкретните мерки за подобрување на земјоделското производство, безбедноста на храната како и управувањето со водите, за што се заложија за спроведување на идни проекти од интерес на двете страни.https://novamakedonija.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close