Ма­ке­до­ни­ја не ус­пе­ва да се прех­ра­ни

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

makedonija ne uspeva da se prehrani

Мож­нос­ти Поз­на­ва­чи­те на сос­тој­би­те об­јас­ну­ва­ат де­ка до­маш­но­то про­из­вод­ство на жито, месо, мас­ло за ја­де­ње или ше­ќер, ни­ту од­да­ле­ку не ги за­до­во­лу­ва пот­ре­би­те на на­се­ле­ни­ето. Ек­спер­ти­те тврдат де­ка при­род­ни­те ус­ло­ви во Ма­ке­до­ни­ја не се нак­ло­не­ти за ви­со­ки при­но­си на жито, по­ра­ди што има­ме ска­по браш­но и ска­по месо.

Број­ки Ста­тис­ти­ка­та збо­ру­ва за по­стојан тренд на на­ма­лу­ва­ње на за­са­де­ни­те пов­рши­ни со зем­јо­дел­ски кул­тури, за про­да­де­ни­те зем­јо­дел­ски про­из­во­ди и за драс­тич­но на­ма­лу­ва­ње на жи­вот­ни­те во сто­чар­ството. Спо­ред зем­јо­дел­ците, ова е ре­зул­тат на це­лос­но про­ма­ше­ни­те зем­јо­дел­ски по­ли­ти­ки што се спро­ве­ду­ва­ле во из­ми­на­ти­ве 20 го­дини.

Сос­тој­ба­та е осо­бе­но дра­ма­тич­на ако се ана­ли­зи­ра пе­ри­о­дот од 2006 го­ди­на на­ваму. Спо­ред из­ја­ви­те на ек­спер­ти­те и пи­шу­ва­ња­та во ме­ди­у­мите, то­гаш има­ло двој­но по­мал­ку увоз на храна, или се пот­ро­ши­ле око­лу 280 ми­ли­о­ни евра. Во 2015 го­ди­на за увоз на хра­на се пот­ро­ше­ни 611,2 ми­ли­о­ни до­лари.

 

Број­ка 611,2 ми­ли­о­ни до­ла­ри се пот­ро­ше­ни за увоз на хра­на во 2015 го­дина

Про­дол­жу­ва трен­дот на сè по­го­лем увоз на прех­ран­бе­ни про­из­во­ди за да се за­до­во­ли до­маш­на­та по­ба­ру­вачка. Ста­тис­тич­ки­те по­да­то­ци по­ка­жу­ва­ат де­ка зго­ле­ме­ни­от увоз не е по­ра­ди тоа што на­се­ле­ни­е­то по­ве­ќе ја­де или, пак, по­ра­ди тоа што се зго­ле­ми­ла по­пу­ла­ци­јата, ту­ку по­ра­ди на­ма­лу­ва­ње­то на до­маш­но­то про­из­вод­ство на храна.

Увоз во де­сет­го­ди­шен раст

Држав­ни­от за­вод за ста­тис­ти­ка ги об­ја­ви по­да­то­ци­те за сто­ко­ва­та раз­ме­на за пе­ри­о­дот ја­ну­ари-но­ем­ври ми­на­та­та го­ди­на и во овие 11 ме­сеци, за увоз на хра­на и на жи­ви жи­вотни, се пот­ро­ше­ни 500 ми­ли­о­ни до­лари. Сос­тој­ба­та е ре­чи­си иден­тич­на ка­ко ми­на­та­та го­ди­на во ис­ти­от пе­риод, со благ по­раст од 0,3 про­центи. Но, ако се гле­да по­дол­го­рочно, има­ме по­стоја­но зго­ле­му­ва­ње на уво­зот. На сај­тот на Ста­тис­тика, на рас­по­ла­га­ње се по­да­то­ци од 2010 го­ди­на ко­га уво­зот на хра­на бил 558 ми­ли­о­ни до­лари, во 2011 го­ди­на бил 671 ми­ли­о­ни до­лари, или 20,4 про­цен­ти по­ве­ќе од прет­ход­на­та го­дина, а во 2012 го­дина, пак, скок­нал за 1,3 про­центи, со што за хра­на од стран­ство се пот­ро­ше­ни 680,7 ми­ли­о­ни до­лари. Уво­зот на хра­на по мал­ку се зго­ле­му­вал и во на­ред­ни­те две го­ди­ни и 2014 го­ди­на зав­рши­ла со пот­ро­ше­ни 686,4 ми­ли­о­ни до­ла­ри за храна. Во 2015 го­ди­на са­мо на­ви­дум има на­ма­лу­ва­ње на уво­зот на храна, од­нос­но то­гаш за оваа на­ме­на се од­ле­а­ле 611,2 ми­ли­о­ни до­лари, но За­во­дот за ста­тис­ти­ка тоа го об­јас­ну­ва со рас­тот на вред­нос­та на до­ла­рот, од­нос­но ако се из­ра­зи вред­нос­та на уво­зот во ев­ра или во де­нари, има нов по­раст за око­лу 6 про­центи.

Сос­тој­ба­та е осо­бе­но дра­ма­тич­на ако се ана­ли­зи­ра пе­ри­о­дот од 2006 го­дина. Спо­ред из­ја­ви­те на ек­спер­ти­те и пи­шу­ва­ња­та во ме­ди­у­мите, то­гаш има­ло двој­но по­мал­ку увоз на храна, или се пот­ро­ши­ле око­лу 280 ми­ли­о­ни евра.

Па­ра­лел­но со по­да­то­ци­те за по­стојан раст на уво­зот на хра­ната,   ста­тис­тич­ки­те по­да­то­ци по­ка­жу­ва­ат на­ма­лу­ва­ње на ста­да­та со до­би­ток, ка­ко и на­ма­лен от­куп и про­даж­ба на зем­јо­дел­ски про­из­води.

Трен­дот е во кон­ти­ну­и­тет, а са­мо по­след­ни­те по­да­то­ци за пе­ри­о­дот зак­луч­но со ок­том­ври 2016 го­дина, по­ка­жу­ва­ат де­ка ми­на­та­та го­ди­на се про­да­де­ни зем­јо­дел­ски про­из­во­ди за 178,5 ми­ли­о­ни евра, или за 5,7 ми­ли­о­ни ев­ра по­мал­ку од ис­ти­от пе­ри­од во 2015 го­дина.

Ми­ли­јар­ди за суб­венции без ефект

Поз­на­ва­чи­те на сос­тој­би­те об­јас­ну­ва­ат де­ка до­маш­но­то про­из­вод­ство на жито, месо, мас­ло за ја­де­ње или ше­ќер, ни­ту од­да­ле­ку не ги за­до­во­лу­ва пот­ре­би­те на на­се­ле­ни­ето.

Пен­зи­о­ни­ра­ни­от про­фе­сор од Зем­јо­дел­ски­от фа­кул­тет Бо­рис Ана­ки­ев дол­ги го­ди­ни во јав­нос­та збо­ру­ва за проб­ле­ми­те со увоз­на­та за­вис­ност од храна. Спо­ред него, Ма­ке­до­ни­ја има ре­ла­тив­но по­ло­ши при­род­ни ус­ло­ви за кон­ку­рен­тно про­из­вод­ство на жита, до­би­точ­на храна, а со тоа и це­ло­то сто­чар­ство е ба­зи­ра­но на нис­ки при­носи. Ска­по­то жито, пов­ле­ку­ва и ска­па до­би­точ­на хра­на и со тоа и ме­со­то ста­ну­ва ска­по и не­кон­ку­рен­тно. Освен жи­то­то и ме­сото, нај­го­лем дел од де­фи­ци­тот се дол­жи и на мас­ло­то за ја­де­ње и на ше­ќе­рот, до­де­ка су­ф­и­цит има во про­из­вод­ство­то на овош­је и на зе­лен­чук.

Опо­зи­ци­јата, но и дел од ек­спер­тите, ка­ко и од зем­јо­дел­ци­те сме­та­ат де­ка суб­венци­о­ни­ра­ње­то е добро, но она­ка ка­ко што се спро­ве­ду­ва во из­ми­на­ти­те 10 го­ди­ни не да­ва ре­зул­тати.

– По­пу­лиз­мот на влас­та во ис­пла­та­та на суб­венци­ите, кои нај­мно­гу слу­жат за пре­диз­бор­ни ма­ни­пу­ла­ции на зем­јо­дел­ците, се гле­да пре­ку ста­тис­тич­ки­те по­ка­за­те­ли за уво­зот на храна, спо­ред кои од 2006 го­ди­на уво­зот ра­пид­но се зго­ле­мува, а се­га ре­чи­си е удвоен. Оваа ап­сур­д­на си­ту­а­ција, ка­ко се зго­ле­му­ва­ат суб­венци­ите, за кои влас­та ве­ли де­ка дос­тигна­ле и ми­ли­јар­да ев­ра во из­ми­на­ти­ве 10 го­дини, на­по­ред­но да рас­те и уво­зот на храна, од­нос­но од­ли­вот на де­ви­зи од држа­вата, е нај­го­ле­ма­та пот­врда за тоа де­ка суб­венци­и­те не­ма­ат ни­ка­ков раз­во­ен ефект, што тре­ба да е ос­нов­на­та на­ме­на на оваа држав­на под­дршка на агро-сек­то­рот – ве­ли Лен­че Ни­ко­лов­ска од СДСМ, по­ра­неш­на прет­се­да­тел­ка на соб­ра­нис­ка­та Ко­ми­си­ја за зем­јо­дел­ство.

Ни­ко­лов­ска ве­ли де­ка по­стојат при­ме­ри ка­ко со пра­вил­но на­со­чу­ва­ње на зем­јо­дел­ски­те суб­венции и осо­бе­но со нав­ре­ме­на ис­пла­та мо­же зна­чи­тел­но да се на­ма­ли уво­зот на храна.

– Так­ва стра­те­ги­ја при­ме­ни со­сед­на Ал­ба­нија. Та­мош­на­та влада, пред шест-се­дум го­дини, ви­де што нај­мно­гу уве­зу­ва­ат ка­ко држава, од­нос­но за што се од­ле­ва­ат нај­мно­гу де­ви­зи и што из­ве­зу­ва­ат за да го зго­ле­мат де­виз­ни­от при­лив. Еден од тие про­из­во­ди бе­ше и ја­бол­кото, кое нај­мно­гу го уве­зу­ваа ток­му од кај нас. Држа­ва­та то­гаш за­поч­на со ин­тен­зив­но суб­венци­о­ни­ра­ње за по­ди­га­ње на соп­стве­ни на­са­ди со ја­бол­ка и се­га ве­ќе тие има­ат свое до­маш­но про­из­вод­ство што го по­чув­ству­ваа и прес­пан­ски­те овош­тари, кои по­след­ни­те го­ди­ни ма­ки ма­чат со пласма­нот, би­деј­ќи на овој на­чин им се зат­во­ри си­гур­ни­от ал­бан­ски па­зар – ве­ли Ни­ко­лов­ска.

Ме­со­то од­ле­ва де­визи

Ни­ко­лов­ска наг­ла­су­ва де­ка од Ма­ке­до­ни­ја се од­ле­ва­ат по­ве­ќе од 100 ми­ли­о­ни ев­ра за ме­со и мес­ни пре­ра­ботки, ис­то тол­ку и за мле­ко и млеч­ни про­из­води, од­нос­но за про­из­во­ди што мо­же­ме да ги про­из­ве­де­ме дома.

– Но, ис­то така, тре­ба да се зго­ле­ми и суб­венци­ја­та за из­воз­но ори­ен­ти­ра­ни­те зем­јо­дел­ски про­из­води, со што ќе се на­ма­ли тр­гов­ски­от де­фи­цит. Зем­јо­дел­ски­те суб­венции се мер­ка што тре­ба да овоз­мо­жи кон­ку­рен­тно зем­јо­дел­ско про­из­вод­ство, а не гол оп­ста­нок на про­из­во­ди­те­лите. Тоа ќе го има до­кол­ку Вла­да­та обез­бе­ди по­ев­ти­ни реп­ро­ма­те­ри­јали, как­ви што се зе­ле­на нафта, по­ев­ти­ни и пок­ва­ли­тет­ни се­миња, ѓу­бри­ва и заш­тит­ни сред­ства и ако се вклу­чи и во под­дршка­та на пласма­нот, од­нос­но во из­на­о­ѓа­ње па­за­ри за зем­јо­дел­ски­те про­из­води. Нај­важ­но е, се­пак, зем­јо­дел­ски­те про­из­во­ди­те­ли да ги до­би­ва­ат суб­венци­и­те нав­реме, то­гаш ко­га им се нај­пот­ребни, пред но­ва­та се­зона, за да има­ат па­ри за си­те из­вршу­ва­ња на си­те пот­реб­ни аг­ро­тех­нич­ки мерки, кои по­тоа ќе до­не­сат и по­го­ле­м  при­нос и ква­ли­тет на про­из­во­ди­те – ана­ли­зи­ра Ни­ко­лов­ска.

Факти

Спо­ред ста­тис­тич­ка­та пуб­ли­ка­ци­ја „Сто­чар­ство“, во 2015 го­ди­на во Ма­ке­до­ни­ја има­ло 253.442 го­веда, или 11.857 по­мал­ку от­кол­ку во 2011 го­дина. Во 2015 го­ди­на има­ло 196.570 свињи, или 1.127 по­мал­ку от­кол­ку пред че­ти­ри го­дини. На­ци­о­нал­но­то ста­до со ов­ци се на­ма­ли­ло за 33.121 ов­ци и нив­ни­от број во 2015 бил 766.631 овци. Пред­ми­на­та­та го­дина, вкуп­ни­от број на жи­ви­на из­не­су­вал 1.944.266 птици, или 281.128 по­мал­ку от­кол­ку во 2011 го­дина.

 

Share Button