fbpx
Вести

Цената на доматите и денеска е ниска, министреството ја следи состојбата

По реакциите на земјоделците дека само за неколку дена откупната цена на доматите драстично падна,  од ресорното мистерство одговорија  дека  континуирано ја следат  состојбата на терен со откупот и откупните цени . Од таму информираат дека паралелно се следи и производната цена на доматите преку ФАДН системот и продажните цени на големо преку земјоделскиот пазарен информативен систем.

,, Доколку се увиди дека земјоделците остваруваат загуби од производната и продажната цена, министерството може да излезе со дополнителни мерки за производителите на раниот домат. Во следните денови очекуваме подобрување на состојбата со откупот бидејќи имаме најави за извоз на рускиот и на украинскиот пазар“.   информираат од МЗШВ.

Дека откуп има потврдуваат и производителите, но велат такви цени не паметат оддамна.

,, Цените се катастрофални. Навистина врска немам зошто е така, битно е изгледа само трговијата да оди, а ефектот каков ќе е од сето тоа сегледа, катастрофа.,, вели ВАСЕ МИТУШЕВ – ЗЕМЈОДЕЛЕЦ

Земјоделците за споредба ја земаат минатата година кога на скоро двојно поголемо производство во овој период од годината цените биле за 10 до 15 денари повисоки.

,, Од ланската година сме со десет до петнаесет денари послаби во цена, а незнам,  навистина немам врска што се случува и како се случува, важно тоа е катастрофа, жална е моменталната состојба.,, вели МИТУШЕВ

Во моментов раниот домат се извезува во десетина земји меѓу кои се поранешните  југословенски републики но и Грција, Бугарија, Молдавија и Романија. За помалку од еден месец, односно од 15 мај до 10 јуни извезени над 6,1 милиони килограми домати во вредност од над 3,5 милиони евра.

 


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close