„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

makedonsko selo magnet za domashnite gosti i stranskite turisti

Македонија во мало на 12.000 м2. Цела нејзина историја, традиција и архитектура испреплетена со стари занаети, народни носии, сувенири и култура. Комплексот Македонско село е лоциран во прекрасната природа на планината Водно, кој освен одмор, чист планински воздух и прекрасен поглед кон Скопје на посетителите им нуди врвна услуга и незаборавно искуство. Покрај капацитетот за 100 гости односно 49 соби и неколку ресторани во овој зимски период на посетителите, комплексот им нуди можност да уживаат во традиционалниот амбиент, вкусната храна и бројните активности.

Имено како што вели Кристина на домашните и странски туристи најголем впечаток им остава можноста одблизу да се запознаат со традиционалните македонски занаети. Односно кујунџиска и грнчарска работилница и ткајачница кои се најкарактеристични занаети за нашето поднебје.

Овој раскошен комплекс ја преставува Македонската архитектура од 19ти и 20ти век, а застапени се 16 автентични куќи од различни региони од нашата држава.

Македонско село е препознатливо по својот уникатен шарм а приказната за Македонија се надополнува и со прекрасните ноти на Македонското вино и богатата традиционална храна.

Share Button