fbpx
ВестиМакедонијаРурален туризам

Занаетчии од Куманово добија поддршка за справување со кризата

Мерката предвидуваше кофинансирање на трошоци на занаетчии направени за набавка на репроматеријали и алати во 2020-та година, до 60 проценти од бараниот износ и максимални 60.000 денари по апликант .

Вкупно 29 занаетчии од регионалната Занаетчиска комора Куманово беа субвенционирани во рамките на Јавниот повик објавен од страна на Министерството за економија, во рамките на мерките за поддршка на занаетчиите за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, соопштија денеска од Министерството за економија.

-Мерката предвидуваше кофинансирање на трошоци на занаетчии направени за набавка на репроматеријали и алати во 2020-та година, до 60 проценти од бараниот износ и максимални 60.000 денари по апликант. Интересот беше задоволителен, кофинансирани беа вкупно 225 занаетчии со вкупна финансиска поддршка од 8.873.019 денари од кои 29 занаетчии од кумановската Занаетчиска омора со вкупна сума од 1.222.925 денари, соопштија од Министерството.
https://opserver.mk/makedonija/opstini/zanaetchii-od-kumanovo-dobija-poddrshka-za-spravuvanje-so-krizata-predizvikana-od-pandemijata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close