вестиРурален туризамТоп вестиФотогалерија

Крушево рај на планините

(Oвој напис е објавен на: јануари 16, 2020)

Фоторепортажа од Крушево на „Зелена берза“

Крушево рај на планините

 

Градот е вистински избор за вљубениците во белите спортови, посебно ги „лечи“ страстите за скијањето и за сноубордот, за санкањето. За уживањето во прошетките по снегот  и за секоја слика од зимскиот пејзаж.

Вгнездено во пазувите на Бушева Планина, Крушевое рај за вљубениците во планините, височините, снегот, авантуризмот, историјата, културата, традицијата…

Крушево лежи на западниот планински раб на Пелагониската Котлина, во изворишниот плиток долински дел на Крушевска Река. Оваа река го дели градот на два дела: поголем на левата и помалиот на десната страна. Куќите се поставени така што градот наликува на амфитеатар. Поради тоа, Крушево се смета за типично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1350 метри, па затоа се смета и за највисокото гратче на Балканскиот Полуостров. Оддалечено е 25 километри северно од Демир Хисар, 32 километри западно од Прилеп и 52,5 километри северно од Битола.

Крушево е вистински избор за вљубениците во белите спортови, посебноги „лечи“ страстите за скијањето и за сноубордот, за санкањето. За уживањето во прошетките  по снегот и за секоја слика од зимскиот пејзаж.

Крушево, не е веќе запоставено како зимски туристички центар, се вложува во хотели, детски одморалишта, приватно сместување.

Од каде и да се завртите Крушево ви го простира прекрасниот поглед на градот, и едноставно се е ваше, како на дланка.

Отсекогаш  првата асоцијација за Крушево бил Илинден и прославата на 2 август на Мечкин Камен, а помладите генерации денес го знаат како градот во кој е роден Тоше Проески и каде се наоѓа неговото вечно почивалиште.

Но, Крушево  емногу повеќе од тоа. Градот последниве години доживува вистинска  ренесанса и зиме и лете. Преку нашите фотографии ви го доловуваме овој планински рај во Македонија. Секоја фотографија е печат за прекрасната зимска идила која единствено може да ја доживеете само во Крушево!

Текст:Христина Фуна

Фото:Ивона Кочов

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close