Македонското земјоделство на удар од климатските промени
Најголемите промени се случени во последните 10 години
На удар е и македонското земјоделство
Заклучокот на дискусијата „Возможно е“ во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски промени, што се одржа пред две години, е дека во последните години значително на удар е и македонското земјоделство и стопанство, токму поради климатксите промени.
-Најчести климатски настани на територијата на нашата држава се појава на топли и ладни бранови, појава на денови со измерени максимални температури, како и денови со минимални температури под нулата, таречени ледени денови, појава на тропски ноќи….Покрај овие климатски настани поврзани со температурата, се забележува појава на денови со многу поројни врнежи, како и зголемување на сушните и врнежливи периоди. Во изминатите 70 години забележани се одредени трендови, така на пример забележан е тренд на намалување на мразните/ледените денови и појавата на ладни бранови за разлика од тоа се јавува тренд на зголемување на летните денови, тропските ноќи, изјави Нина Алексовска претставник од УХМР, која рече дека ако пред осумдесеттите години топлотен бран имало само периодично, од 1987 година, па се до денеска топлотниот бран е појава секоја година.
Алексовска додаде дека карактеристично за сите овие климатски настани е тоа што најголемите промени се случени во последните 10 години, последнава декада, што истакна таа, е најтоплата откако постојат континуираните мерења на територијата на државава.https://vestiplus.mk/