fbpx
Агро бизнисВести

Марјанчо Цветкоски-револтот е голем кај производителите на жито, изгор нафта, изгор ѓубрива

Земјоделци, претставници на повеќе земјоделски гранки денеска се собраа во Прилеп со цел да се изнајдат најоптимални решенија за надминувањата на кризната ситуација со која се соочуваат земјоделците и сточарите, особено сега по драстичното поскапување на нафтата и ѓубривата. 

Земјоделци, претставници на повеќе земјоделски гранки денеска се собраа во Прилеп со цел да се изнајдат најоптимални решенија за надминувањата на кризната ситуација со која се соочуваат земјоделците и сточарите, особено сега по драстичното поскапување на нафтата и ѓубривата.

На состанокот како претставник на производителите на жито зборуваше Марјанчо Цветкоски, земјоделец од  прилепско Марул. Тој ги потенцираше проблемите со кои подолго време се соочуваат призводителите на лебното зрно, а особено сега по драстичното поскапување на нафтата и ѓубривата.

Обраќањето на Цветкоски ви го пренесуваме во целост.

 

Ние производителите на жито и житни култури години наназад се соочуваме со големи проблеми.

Како и сите други земјоделци

1.Не загарантиран откуп на пченицата

2.Ненавремена исплата на сувенции

3.Ниски откупни цени

Со години апелираме до надлежните институциии Влада, Министерство за земјоделие, Платежна агенција, но никој нема слух за нашите проблеми. Имаше некои мерки од Владата кои се незадоволнителни за нас земјоделците производители на пченица, така наречената „зелена нафта“ која изнесуваше 1.300 денари по хектар. Субвенција од 6.000 денари по хектар на житни производи.

Производството на жито од година на година опаѓа, затоа што е нерантабилно. Од земјоделска држава производител на пченица, станавме зависна земја од увоз на пченица.

А имаме родна земја како што е Пелагонија најголема житница во Македонија.

Ама за жал како што трганала работава ќе остане празна и пуста, ќе нема кој да ја обработува земјата.

Земјоделците буквално се оставени сами на себе да се снаоѓаат, кој како знае и умее.

Скапи репроматријали, семе, ѓубрива а за нафтата и да не зборуваме достигна астрономски цени.

Пценицата се сее на големи површини и бара многу ѓубрива и моќна механизација, а за таа механизација треба нафта, но сите знаеме каква е моменталната цена на нафтата.

Азотните ѓубрива рекорди рушат.

Сите сме со исти маки

-производителите на жито

-тутунарите

-лозарите

-оризарите

-јаболкарите

-сточарите

Сите заедно да излеземе и својот револт да го искажиме дека ова вака повеќе не може. Цврсто да застанеме со издржливи барања за спас на македонскиот аграр. Во овие моменти храната е скапа, зошто да ја увезуваме кога можеме да ја произведиме. Младите треба да се мотивираат и да се задржат тука во Македонија, со добри мерки и програми, а не како сега што ни бегаат.

Апелирам до надлежните институции да имаат слух за нашите маки. Оваа година ќе биде уште полоша со житните култури. Површините со посеана пченица се намалени, приносот ќе биде намален затоа што секој ќе не може да ги прихрани посевите со азотни ѓубрива затоа што цените се покачени за 400%.

Овие мерки кои ги предлага Владата сега во моментот мислам дека нас земјоделците нема да ни бидат од корист. Сите заедно да се сплотиме и да одиме со исти барања, ако сакаме да опстаниме како земјоделци и да ја обработуваме земјата.

Ако не да бараме карта во еден правец кон Европа.

Обраќање на Марјанчо Цветкоски, земјоделец од Прилеп, претставник на производителите на жито.

 

 

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close