fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Зголемување на поддршката за руралните жени од 3 на 10 илјади евра за поголема родова еднаквост во руралните средини

Родово-одговорно буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој

Ако сака земјава да го чекори патот кон европската унија мора да се почитуваат и определени норми и стандарди во насока на управување на еднаквоста и еднаквите можности за сите граѓани и подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите. Промовирањето на родово – одговорно буџетирање како алатка за унапредување на родовата рамноправност, е една од препораките на Европската унија. Од тие причини, неопходно е да се препознае дека постигнувањето на поголема родова рамноправност и справување со постојаните нееднаквости, многу често, значи да се работи различно со жените и мажите, да се препознаат различните пречки со кои тие се соочуваат, но и различните потреби и приоритети. Корона пандемијата ги извади на површина сите предизвици и ја покажа реалната слика за родовата рамноправност во руралните средини.

Жените од руралните средини се соочуваат со социјална исклученост, невработеноста, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита, јавни и социјални услуги. Ваквите услови ги принудуваат руралните жени на живот во поголема сиромаштија и ја поттикнуваат миграцијата. Околу 62% од руралните жени не се активни на пазарот на трудот заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47% од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми. Над 84% од жените кои живеат во руралните средини се погодени од Ковид пандемијата во поглед на нивниот живот и економската моќ на нивното стопанство, па така се зголемува и нивниот психолошки притисок во семејното земјоделско стопанство навреме да постигнат во грижата за децата, имотот, стоката, постарите лица.

-Жените мора да излезат од дома, мора да видат што се случува во нивната околина во другите региони, мора да научат да бараат информации, да разменуваат практики и знаења и така да се охрабруваат едни со други, но и да вложат во подобрувањето на своите знаења и пракси, затоа што верувајте има жени кои што не биле ни до град, а камоли во институции, а уште помалку пак да имаат информации или да бараат нешто на свое име или пак да аплицираат“ рече  Живка Ѓурчиновска од селото Тумчевиште Гостивар.

На оваа многу значајна тема истражување направи тимот на невладината организација – Рурална коалиција. Во нивните крајни заклучоци се препораките да се зголеми едукацијата кај руралните жени, информираноста, да се работи на зајакнување на свеста кај руралните жени и на промената на стереотипите во однос на наследното право и да се зголеми бројот на мерки кои што ќе бидат насочени кон економското јакнење на жените од руралните средини со олеснети критериуми и намален број на документи кои што ќе се бараат во самите апликации. Исто така како една од клучните препораки е да се зголеми процентот на исплата на реализирана инвестиција на 65-70% по принципот како кај млад земјоделец со интервенција во Законот за земјоделство и рурален развој, измена на член 94 и додавање на категоријата жени и зголемување на финансиската поддршка за мерката 115 од 3 на 10 илјади евра до 2024 година.

Тим на Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close