fbpx
ВестиТоп вести

Марулите мијте ги под силен млаз вода

Овошjето и зеленчукот треба темелно да се мијат пред да се јадат, препорачуваат токсиколозите, според кои пестицидите и тешките метали може да предизвикаат канцерогени заболувања. Според извештајот од мониторингот за 2015 година на Агенцијата за храна и ветеринарство, од вкупно земени 1.194 мостри, 10 отстапувале од дозволените параметри, a 8 од нив биле позитивни на тешки метали.

i007306

“За да го минимизираме ризикот од внесување во организмот на пестициди и на други отрови, зеленчукот, посебно листестиот, треба да го миеме под силен млаз вода. Ова правило важи за марулата, за спанакот, но и за магдоносот. Сите овие зеленчуци добро е најмалку половина час да отстојат во сад со вода, а потоа темелно да се исплакнат. За магдоносот, кој има многу ситни ливчиња кои на себе имаат вдлабнатини, се препорачува да стои во раствор од сода бикарбона и до 24 часа, потоа убаво да се измие со вода, па да се јаде”, ни рече токсикологот Андон Чибишев.

Според Чибишев, посебно треба да се внимава со растителните производи кои им се даваат на деца до 14 години, бидејќи кај нив пестицидите и тешките метали може да предизвикаат големи оштетувања на органите.

“Овошјето, како што се јаболката и крушите, иако се убаво измиени, задолжително да се лупат, а црешите и вишните да се мијат една по една, бидејќи при нивното одгледување се случува да се дрскаат и до 17 пати”, вели Чибишев.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека постојано ги едуцираат граѓаните за безбедноста на храната преку информации кои се објавуваат на нивната веб-страница, но и во соработка со граѓанските организации.

“Во изминативе години реализирани се голем број активности, со кои се зголеми информираноста и едуцираноста за правата и за обврските на граѓаните за учество во системот за безбедност на храната во Македонија, како и за начинот на поднесувањето на претставки и предлози до надлежните институции.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close