fbpx
ВестиСовети

МАСТИТИС

kravi

Маститисот е една од болестите кај кравите која им носи големи загуби на фармерите. Бидејќи најголемиот приход во краварството доаѓа од млекото, неопходно е фармерите да се трудат да го држат на минимум нивото на појава на оваа болест кај нивните крави.

Фармерите за да добијат подобри сознанија ги даваме следните препораки :

ШТО Е МАСТИТИС

Маститисот е инфекција која го зафаќа вимето. Најчесто се јавува кај крави во лактација, но може да се јави и во пресушниот период. Болеста може да се појави со јасни знаци но и незабележително-без видливи знаци, а можи да се појави и во хронична форма со често повторување.

ПРЕДИЗВИКУВАЧИ НА МАСТИТИСОТ

Најчесто предизвикувачи на маститисот се бактериите кои влегуваат во вимето преку

  • Отворот на боската.

  • Повредите на кожата на вимето и боските.

  • Крвта од друга инфекција.

КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНАЕ МАСТИТИСОТ

Многу знаци на појава на болеста можат да се забележат кај заболените крави :

  • Кравите се незаинтересирани.

  • Ја одбиваат храната.

  • Вимето може да биде тврдо и топло.

  • Бојата на вимето може да премине во црвена или сина.

  • Се јавуваат промени во густината, бојата, вкусот и мирисот на млекото.

  • Во млекото може да се појави крв, гној и др.

Скриената форма на појава на маститис може да се одреди со лабораториско испитување на бројот на соматските клетки во млекото (мртви бели крвни зрнца кои се борат со инфекцијата).

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА МАСТИТИСОТ

Бактериите предизвикувачи на маститисот се секогаш присутни во околината каде живеат кравите. За да можат да предизвикаат маститис, бактериите треба да најдат влезен пат во вимето или крвта на кравата.

Начините на пренесување на маститисот се следните :

  • Повреди на вимето и боските за време на молзењето.

  • Молзење со нечисти раце и опрема.

  • Користење на иста крпа за бришење на вимето на сите крави.

  • Молзење на здрави крави после измолзена заболена.

  • Не домолзување на млекото од вимето.

  • Стресови за време на одбивање на телето и во текот на лактацијата.

  • Инсектите присутни во шталата.

  • Телињата кои цицаат од повеќе крави и др.

КАКО ДО ПРЕВЕНЦИЈА НА МАСТИТИСОТ

Најважно во превенцијата на маститисот е :

  • Добрата хигиена на објектите и кравите.

  • Потполно измолзување на кравите при секое молзење.

  • Спречување на повредите на вимето и боските.

  • Миење, сушење и дезинфицирање на боските пред и после молзење.

  • Одвојување на заболените крави и нивно молзење на крајот.

  • Избегнување на разни стресови кај кравите.

  • Шкартирање на кравите кај кои маститисот се јавува често и др.

ЛЕЧЕЊЕ НА ЗАБОЛЕНИТЕ КРАВИ

Заболените крави треба да се лекуваат кога ќе се забележат првите знаци на болеста. Потребно е брзо да се реагира и да се консултира и побара помош од ветеринар, кој врз основа на стручност и постоечките лекарства ќе изврши соодветно лекување на заболените крави.

Петар Трајковски, Советник за сточарство во АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close