fbpx
Вести

Мелат пиперки со бормашина, мешаат ајвар со мотор од машина за перење

До полесна подготовка на ајвар и со мотор од машина за перење или со моторче од бришачи на камионска шофершајбна, а има и такви кои за мелење на пиперките користат бормашини, изуми кои почнуваат да користат поединци за да си ја олеснат работата. Ова се само некои од изумите со кој целта е мачниот за подготовка, но вкусен специјалитет да се приготви за што е можно пократко време. Наместо да се меша рачно со голема дрвена лажица, смесата се меша во тенџерето, за да не загори, со електромотор со редуктор кој работи на електрична енергија од 220 или 380 волти.

melat piperki so bormashina meshaat ajvar so motor od mashina za perenje

 

„Може да се користи и мотор од машина за перење, но јас за подготовка на ајвар користам електрично моторче од 6 или 12 волти на прав напон, со појак и добар трансформатор, или акумулатор на 6 или 12 волти. Со тоа се постигнува саканата цел за мешање на ајварот. Ајварот приготвен на старински начин е вкусен, но мачно е додека да се направи. Целото семејство, традиционално, е ангажирано во подготовката, па дури на помош доаѓаат и роднини и пријатели. На овој начин, електромоторот меша наместо мене, што се вели, јас комотно можам дури и да си ставам мезе и ракиичка, та да си се замезам и да си потпивнам, така со мера. Да се погоди ајварот, да не биде многу лут и мрсен“, ни рече Тиквешанецот кој ќе применува нова и модерна технологија за добивање на црвеното злато во тегла, по кое лудуваат од најмлади до најстари во земјава но и во странство.

Од срам и скромност, не сакаше да му го откриеме идентитетот. Кажа дека за неговото богатство од изумот кој го спрема, веќе пројавиле интерес блиските роднини и пријатели. Ним може да им ја позајми направата, но засега нема да ја изнајмува за пари, иако имал и такви понуди, а веќе добил и бизнис понуди. Со овој изум, една од најтешките, ако не и најтешка работа за една домаќинка – приготвувањето ајвар, станува песна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close