
Вести
Од трња до опитен овоштарник
Опитно поле со двесте и педесет автохтони овошни садници од сите региони на Македонија, денеска беше поставено во кругот на Регионалниот центар на Агенцијата за поттикнување развојот на земјоделското производство. Стручњаците од Агенцијата, со доброволна работа, од камења и трња, прават демонстартивно- опитен овоштарник во кој ќе биде поставен систем за наводнување „капка по капка“ со компјутерско наведување и течно ѓубрење.
Во Република Македонија, стручните лица на Агенцијата имаат поставено триесет демонстративно- опитни овоштарници и лозови насади, со домашни и увозни садници, а целта е, лозаро-овоштарството кое се субвенционира од Државата, да се развива со стручен надзор и по европски стандарди.