fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Стомнароски-Повeрениците не ги повлекуваме и не се мешаме во одлуките на Иницијативниот одбор

НАЈНОВО-Претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија Менде Стомнароски во изјава за „Зелена берза“-Како Сојуз ќе бараме по итно средба со премиерот Заев и министерот за земјоделство Хоџа со откупувачите и Иницијативниот одбор за барањата кои ние ги предлагаме што е можно најитно да се решат.

Претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија Менде Стомнароски во изјава за „Зелена берза“ вели дека Сојузот не ги повлекува поверениците и дека нема да се меша во одлуките на Иницијативиот одбор.

-Денеска на Собранието на Сојузот на земјоделски здруженија одржавме состанок на кој се одлучи  да не ги повлекуваме поверенците, бидејќи тоа е во интерес на тутнопрозводителите, зошто многу од нив  се јавија  во здруженијата дека во пунктовите имаат тутун и не сакаат да им биде блокиран 10 дена, туку откупот да тече непречено. Значи тоа се производители кои сакаат да го предадат тутунот бидејќи им требаат пари. Оваа одлука не е лично моја туку на Собранието. Ова значи дека ние не му се мешаме на Иницијативниот одбор во нивната работа и одлуки, но како Сојуз ги поддржуваме сите тутунари, односно мнозинството од тутнарите кои се решени да тече откупот. Ние како Сојуз ќе бараме по итно средба со премиерот Заев и министерот за земјоделство Хоџа со откупувачите и Иницијативниот одбор за барањата кои ние ги предлагаме што е можно најитно да се решат.

Како Сојуз бараме динамиката на дневен откуп да се зголеми и да се работи и во сабота за да се може што повеќе тутун да се откупи. Бараме да не се откупува по шифри, туку по класи. Бараме и вишокот тутун, околу 2,5 илјади тони, колку што може најбрзо да биде решен. Од 15 јануари да се делат картони за вишокот тутун до завршување на откупот, да биде преземен и да не остане неоткупен. На терен да биде линијата флексибилна, просекот да се зголеми, а поверениците да контролираат и сето она што е спорно, да биде за Второстепената комисија и за се што не е реално да се повикува Инспекторатот за земјоделие. Бараме решение за да не остане вишокот на тутун да се откупува по законскиот рок, (сметаме дека тутунопроизводителите ќе бидат оштетени и ќе им се откупува по пониски класи), тутунот  веднаш да се откупи по просечни цени со флексибилна линија и со исти просек ,изјави претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски.

А.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close