fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделски синдикат или земјоделска партија?

Јосифовски-Време е конечно законите кои се однесуваат на земјоделците да се носат во присуство на претставници на самите земјоделци. Во спротивно, за неколку години ќе нема ни земјоделци ни земјоделие

Владата не е заинтересирана за решавање на проблемот на тутунарите со годинешната откупна политика, вели Васко Јосифовски од Иницијативниот одбро на ФБ групата „Македонски тутунари“ после вчерашниот протест пред Владата во Скопје и разговорите на ИО со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.
-После вчерашниот разговор со министрот Хоџа ми стана јасно дека владата воопшто не е заинтересирана за решавање на проблемот. Добив впечаток дека цело време не лажеле и дека владата е во добра координација со откупувачите и Сојузот на земјоделски здруженија во операцијата „опљачкај што можеш повеќе“, вели  Јосифовски од Иницијативниот одбор.
(Не)присутноста на тутунарите на вчершниот протест според Јосифовски го отвора прашањето за посериозна организација на земјоделците и во случајот на тутунопроизводителите.
-Мислам дека формирањето здружение нема да промени ништо, има мал милион здруженија.. Секое здружение е формирано од лични интереси и за лични потреби на поединци.Лично, мислам дека, за во иднина, излезот треба да се бара во земјоделски синдикат или пак во една добро организирана земјоделска партија. Време е конечно законите кои се однесуваат на земјоделците да се носат во присуство на претставници на самите земјоделци. Во спротивно, за неколку години ќе нема ни земјоделци ни земјоделие, смета Јосифовски.
А.Б
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close