Вести
16,5 милиони евра субвенции за сточарите
Сточарите со една до 100 крави и оваа година ќе добијат по 2.800 денари за животно. За повеќе од 100 крави, субвенцијата процентуално ќе се намалува.
Дополнителни 1.500 денари ќе добиваат оние кои имаат минимум 30 говеда обележани и евидентирани и не се произведители на млеко.
Субвенцијата се исплаќа и за женските говеда на возраст од 12 до 24 месеци одгледувани до 30 септември 2016 година.
Остануваат дополнителните 1.500 денари за добитокот од автохтоната раса Буша, за одгледани и заклани грла говеда во регистрирани кланични капацитети и 4.000 денари за продадени или заклани телиња.
За предаденто млеко во регистрирани преработувачки капацитети субвенцијата останува по 3,5 денари за литар.