fbpx
ВестиТоп вести

МИНАТОГОДИШНИТЕ РОМАНСКИ СКЛАДИШТА ЈА НАМАЛУВААТ ЦЕНАТА НА МАСЛОДАЈНАТА РЕПКА

 

Во Србија жетвата на маслодајната репка е скоро на почеток. Извозната цена на зрното товарено на брод се движи околу 300 евра  за тон. Купувачите во Германија, моментално маслодајната репка ја плаќаат повеќе од 348 евра за тон.

Романците не успеале да продадат повеќе од половина од минатогодишниот род на маслодајната репка, а на почетокот на новата жетва само 30 %. Ова значително влијае на цената во нашиот регион.

Во Србија жетвата на ова маслодајно растение е само на почеток. Извозната цена на зрното натоварено на брод, се движи околу 300 евра за тон. Купувачите од Германија, моментално маслодајната репка ја плаќаат повеќе од 348 евра за тон.

Откупувачите во Србија, поаѓаат од различна стартна позиција. Во северниот дел на Бачка, цената по килограм изнесува 36 динари со и без ДДВ, така што постои и таква претплатна цена. Значи, многу различно, што веројатно зависи од количината која продавачот им ја нуди на купувачите.

Во Срем, аконтната цена е 34 динари, со добра веројатност, крајната цена да се задржи на 36 динари со ДДВ.

Д-р Ана Марјановиќ Јеромела, од Институтот за земјоделство од Нови Сад, за весникот „Gazdinstvo“, во врска со првите резултати од жетвата вели:

„Првите откоси, покажаа дека можеме да очекуваме принос од 3000 до 4000 килограми по хектар, што е солидно во однос на стресните фази во развојот. Жетвата почна во ритските предели во Банат, затоа што земјоделците се исплашија од врнежливите денови, така што зрното сега има повеќе влага. Ветерот дополнително влијае врз растението, што го намалува приносот. Оваа сезона имавме забрзан „премин“ низ цветањето, по што следуваше зреење од високите температури и созревање за 5-6 дена. Растението, добро ја поднесе зимата, но топлотните удари го забрзаа созревањето, а тоа е причина за намалување на приносите“, вели д-р Ана Марјановиќ Јеромела.

Д-р Александра Гајдобрански, од Факултетот за бизнис студии и право во Белград, која е позната по направените стручни анализи кои се однесуваат на вложувањето во земјоделското производство, со години го следи движењето на пазарот и производството на маслодајни растенија, така што вели:

„Што се однесува на цената во ЕУ, тука мора да се смета на приносите во Полска, Германија и Франција, а се повеќе и во Романија. Приносите во Кина, Канада и Индија влијаат на цените во Европа, но само во зимскиот период. Инаку, површините под маслодајна репка во светот, се околу 33 милиони хектари. Сеуште со сигурност не се знае, колкаво ќе биде вкупното производство на маслодајна репка во светот, затоа што се чекаат податоците од Кина, која е најголем производител на ова зрно, но се знае дека цената во периодот на жетва  е секогаш пониска од онаа во зима. Тоа е добар повод, земјоделците да почекаат со продажбата, но да имаат складирана количина. Експертите велат, дека за чување на ова зрно, најдобри се таканаречените подни складишта. Ако во Србија го собереме приносот од  околу 35 000 хектари, ќе имаме најголем забележан род во историјата на производството – околу 110 000 тони“, заклучува др Александра Гајдобрански.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close