fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Со 1,3 милиони евра се санира цевководот „Макарија“ кај Росоман, ќе има вода за наводнување

„Знаеме колку е важно за една квалитетна реколта да се има навремено наводнување на површините и на земјоделците им порачувам, да не се грижат, системот набрзо ќе се стави во функција и вода за наводнување ќе има“, порача премиерот.

Интензивно се работи на санација на системот за наводнување „Макарија“ во Росоман што ќе овозможи непречено наводнување на земјоделските површини. За таа цел Владата на една од последните седници го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да достави предлог измена на Програмата за водостопанство, со што се обезбедуваат потребните над 1,3 милиони евра за санација на проблемот.

„Во моментов, фирмата изведувач интензивно работи на санирање на дефектот и очекувам тоа брзо да се заврши, со што повторно ќе може да се обезбеди ефикасно наводнување на земјоделските површини, да се запази сезоната за наводнување и очекуваниот принос од околу 30 илјади тони на земјоделски култури. Се работи за непристапен терен, за систем за наводнување кој е оставен на забот на времето 50 години и за среќа во државата имаме и изведувачи и професори од Градежниот факултет, кои во најкраток период успеаја да најдат решение, кое веднаш тука ќе биде направено“, рече премиерот Димитар Ковачевски, при вчерашниот увид во Росоман.

Премиерот ги увери жителите од овој крај дека ќе се реши проблемот.

„Знаеме колку е важно за една квалитетна реколта да се има навремено наводнување на површините и на земјоделците им порачувам, да не се грижат, системот набрзо ќе се стави во функција и вода за наводнување ќе има. Затоа ставаме силен фокус на капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура, односно на реконструкција и изградба на модерни системи и брани за наводнување. Овие инвестиции значат намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна, ќе влијаат на зголемување на производството на храна и создавање на модерно и европско земјоделство“, истакна премиерот Ковачевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close