fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Министерот Димковски најави финансиска поддршка за брендирање на домашните земјоделски производи и традицоналните специјалитети Министерот Димковски најави финансиска поддршка за брендирање на домашните земјоделски производи и традицоналните специјалитети

При денешната посета во Охрид,  Министерот за земјоделство Трајан Димковски најави финасиска поддршка за брендирање на домашните земјоделски производи и традиционалните специјалитети.

Во село Косел, охридско, го посети овоштарникот на земјоделецот Јурген Стефаноски, кој со години наназад произведува цреши.

Во овој регион, се произведува нашата позната охридска цреша, којашто од 2017 година е првиот регистриран земјоделски производ со заштитена географска ознака.

Министерот Димковски посочи дека во насока на заштита на нашите земјоделски произвди правиме уште еден чекор. Денеска се објави Јавниот повик наменет за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет“.

Република Северна Македонија има многу домашни земјоделски производи и традиционални специјалитети кои се надалеку познати, но досега не беа заштитени по примерот во европските држави. Затоа, со средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година во износ од 1,5 милиони денари, да се започнат активности за заштита на називите на македонските земјоделски производи и традиционални специјалитети.

Слични написи

Back to top button
Close