fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Министерот Николовски пошумува во Берово

„Ајде да пошумуваме заедно“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со ЈП „Национални шуми“ и градоначалникот на Општина Берово денеска ќе се приклучат кон големата акција за пошумување „Ајде да пошумуваме заедно“.

Како што информираат од МЗШВ, акцијата ќе се спроведе на локацијата Будинарски рид каде овие денови се спроведува големата акција за пошумување.

Кон оваа акција на локацијата во Берово се приклучуваат учениците од средното училиште „Орце Николов“, Сојузот на извидници на Македонија и општествено одговорните компании „КБ Пензинско друштво“ и „Халкбанка“.

Во рамки на акцијата за пошумување министерот Николовски ќе го посети и Тодор Кацарски од Берово, еден од апликантите на програмата за проширена репродукција на шумите, преку мерката за пошумување на голини и заедно ќе извршат пошумување на приватно земјиште, како дел од акцијата за пошумување.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close