fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жителите на Чешиново разочарани – Годината лоша, приносите слаби, а цените на оризот ниски

Велат дека производството е скапо, а цените на оризот тапкаа во место.

Жителите на Чешиново, село познато по производство на ориз, и оваа година се разочарани, затоа што годината беше лоша, временските услови неповолни, приносите ќе бидат слаби, а откупната цена ниска.

Тие почнуваат со жетвата на оризот. Велат дека производството е скапо, а цените на оризот тапкаа во место. Додаваат дека работата е макотрпна, но само од производство на ориз не може да се помине годината, туку треба да имаат дополнителни приходи или барем една сигурна плата во семејството.

Годините се сѐ полоши и полоши. Оваа година жетвата ќе трае подолго од вообичаено. Очекуваме дека ќе има помали приноси од претходните години. Јас долго време се занимавам со оваа работа, и паметам дека пред 20 години имаше  полоша година од оваа. Во Чешиново скоро секоја куќа се занимава со производство на ориз, но ние сме оставени сами на себе, и ако вака продолжи, производството ќе ни замира. За да имаме добра година, потребно е да имаме вода, поволни временски услови и квалитетни репроматеријали “, вели Здравко Митев од Чешиново, кој има засадено ориз на површина од над 100 декари.

Лазо Стојчев од селото Уларци, во Општина Чешиново – Облешево, вели дека во добра година на 100 килограми арпа, има 50 до 60 килограми ориз. Но, годинава очекува дека на 100 килограми арпа ќе добијат околу 35 килограми ориз.

„Јас обработувам 12 до 13 хектари површина. Годинава беше сушна, со многу високи температури, и тоа негативно се одрази на оризот. Луѓе не знаат колку е тешко да се произведе ориз, затоа што ако немате добра опрема, механизација, не можете ништо, а и нема луѓе за работа. Младите си бегаат и ќе ни останат нивите празни“, додава Стојчев.

Откупните претпријатија за килограм арпа исплаќаат од 15 до 18 денари во зависност од сортата, што за земјоделците е далеку под производствената цена. https://faktor.mk/cheshinovci-godinava-nemaat-so-shto-da-se-pofalat-godinata-losha-prinosite-slabi-a-cenite-na-orizot-niski

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close