fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Министерот Николовски во посета на компанијата ВАРДАР АД Градско, успешен ИПАРД корисник

Mинимална вредност на прифатливи трошоци по инвестиција кај мерката 1 изнесува 20.000 евра, а максимална финансиска поддршка на еден корисник за еден проект изнесува 750.000. Кај мерката 1 максимална финансиска поддршка на еден корисник за цело времетраење на програмата изнесува 1.500.000 евра.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета сум на уште еден успешен ИПАРД корисник, компанијата ВАРДАР АД Градско, која се занимава со производство и промет со земјоделски и сточарски производи.

Преку ИПАРД 2 програмата компанијата ВАРДАР АД Градско има набавено 10 моторни пумпи, 10 тифони за наводнување и црева за поливна опрема од 4000м, 3 приколки за транспорт, како и една цистерна за транспорт на течно и полутечно гориво, реализирајќи ИПАРД инвестција во вредност од 39,9 милиони денари.

Новата ИПАРД 3 програма носи нови можности за македонското земјоделство. Реализацијата на новата ИПАРД 3 програма статруваше на 1 септември, распишувајќи го првиот јавен повик за мерките 1 и 7, каде на располагање ги ставаме првите 30 милиони евра наменети за инвестиции во македонското земјоделство.

Мерката 1 од јавниот повик се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а како приоритетни сектори се јавуваат растителното производство, сточарското производство, производството на риба, потоа преработка  и маркетинг на сопствено земјоделско производство на земјоделско стопанство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Mинимална вредност на прифатливи трошоци по инвестиција кај мерката 1 изнесува 20.000 евра, а максимална финансиска поддршка на еден корисник за еден проект изнесува 750.000. Кај мерката 1 максимална финансиска поддршка на еден корисник за цело времетраење на програмата изнесува 1.500.000 евра.

Мерката 7 од јавниот повик се однесува на диверзификација на фарми и развој на бизниси, а како приоритетни сектори се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Минимална вредност на прифатливи трошоци на предложен проект кај мерката 7 изнесуваат од 10.000 евра, максимална финансиска подршка по корисник по поединечен проект изнесува 600.000 евра. Кај мерката 7 максимална финансиска подршка по корисник за цело времетраење на програмата изнесува 1.500.000 евра.

Авансната исплата до 50% од висината на одобрената финасиска поддршка, веднаш по потпишувањето на договорот е една од новостите во ИПАРД 3 програмата. Исто така воведуваме и нов начин во обезбедување на потребната документација, олеснувајќи го процесот на апликација, а со тоа и намалување на трошоците за корисниците.

Споделувајќи ги успешните ИПАРД искуства од корисниците ја доближуваме до секој граѓнин нашата успешна ИПАРД приказна. Од 12 септември, на терен, повторно започнуваме со информативна кампања, презентирајќи ги до секој граѓанин можностите кои се ставаат на располагање за македонското земјоделство со новата ИПАРД 3 програма.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close