fbpx
Вести

Исчистете го организмот со пченица

Зелениот дел од пченицата е совршен извор на витамини и минерали неопходни за организмот.

Младата пченица содржи преку 100 елементи кои благотворно дејствуваат врз организмот, меѓу кои и калиум, железо, калциум, магнезиум, витамини А, Б, Ц, Е, хлорофил и многу други.

ischistete go organizmot so pchenica

Сокот од зелениот дел на пченицата е драгоцен лек за прочистување и подмладување на организмот, и не случајно го нарекуваат течно злато.

Овој драгоцен пијалак  го зајакнува имунитетот, ја прочистува крвта, ја зголемува енергијата, помага за несоница, желудечни тегоби и што ли уште не.

Како да подготвите сок од пченица

Најдобро е пченицата сами да ја засадите во домашни услови, и притоа да користите еколошко семе.

Во стаклен сад ставете малку семе, додадете вода и оставете го 8-10 часа. Исцедете го, и оставете го во садот следните 24 часа, со тоа што неколкупати ќе го полевате со вода и веднаш ќе го цедите.

Од влагата, пченицата брзо ќе почне да ‘рти, па кога ќе ги забележите никулците, зрната ставете ги во некој сад во кој сте ставиле малку земја. Секој ден налевајте по малку вода.

Кога зелениот дел ќе порасне околу 20 сантиметри, оставете го садот малку на сонце, а наредниот ден веќе може да го исечете зелениот дел и да го ставите во соковник.

Течноста која се добива е токму тој драгоцен пијалак кој го чисти организмот. Околу 30 милилитри дневно е сосема доволно за да се почувствуваат благодетите.

Ако не сакате да подготвувате сок, или пак немате соковник, зелениот дел од пченицата може да го користите во салати, или да го ставите во блендер, да додадете некое овошје, малку вода и да уживате во здравиот енергетски пијалак.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close