Агро бизнисБез категоријаВести
Минус 16 степени во Битола и Берово, студот стега
Утрово најстудено од -16 степени во Берово и Битола, -13 Тетово, Прилеп, -12 Демир Капија, -11 Скопје-Петровец, Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица, Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор, Гевгелија, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран, 0 Попова Шапка.
Наутро многу студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: И во среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите во деновите потоа ќе бидат во постепен пораст. Ќе дува засилен северен ветер.