fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Мирчески-Дали на тутунарите им се спрема нов грабеж?

Откупувачите да се свестат, бидејќи партиите на власт доаѓаат и заминуваат остануваме само вие и ние

Дали на тутунарите повторно им се спрема кражба?

Имено според непотврдени информации изминатиот викенд била одржана средба на поголемите откупни компании и високи претставници на актуелната власт каде била разгледувана и договарана стратегија како и на кој начин тутунарите повторно да бидат ‘ограбени’, а тоа да се претстави во јавност како најскапо платена реколта. Дилемата на овој состанок била дали да се поткренат минимално цените на класите и да се оди на регуларен откуп, или да се повторни минатогодишната откупна стратегија со откупот на најголем дел во прва класа според актуелните цени, а разликата во количините на тутун да биде надополнета од увоз кој би бил пријавен како ‘македонски’.

Доколку ова е вистина, тогаш вредните тутунопроизводители и оваа реколта највероватно повторно ќе останат со куси ракави,иако со преполовен род речиси во сите производни региони, тешко и скапо произведеното „жолто злато“ повторно би било откупено за багателна цена од страна на откупните компании.

Поради ова очекуваме од посочените страни во најскоро време да ги потврдат или демантираат овие шпекулации и бараме навремено од сите институции максимална ангажираност во заштита на тутунарите. И за крај апел до откупувачите: Почитувани свестете се и немојте да потпаѓате под разноразни дворски игри и манипулации, бидејќи партиите на власт доаѓаат и заминуваат остануваме само вие и ние, ако сакате да продолжите да работите чесно и одговорно – платете го тутунот реално, а ако не сакате тогаш ВИЕ ќе ставите клуч на вашите фабрики, а ние ќе си го најдеме чарето. Па вие добро размислете кој губи, а кој добива.

Со почит! Игор Мирчески-координатор на новофомираните земјоделски здруженија

https://www.sinpeks-shop.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close