Мирчески реагира-Власта го помести рокот за исплата на субвенциите на тутунарите за 9 месеци
Според новиот правилник објавен во Службен весник
Став на Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија
„Баба лаже,трап не лаже“ е стара македонска поговорка одомаќинета во нашето секојдневие кога фактите се на очиглед на јавноста а притоа некој се обидува погрешните политики и постепеното уништување на земјоделскиот сектор да ги прикаже како успех и наводна грижа за земјоделците.
Имено Деновиве во службен весник е објавена новата програма за финансиска подршка во земјоделството каде средствата од директните плаќања кај земјоделците познати како субвенции за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2022 како подмерка 1.14 ќе се исплајќаат најдоцна до 31. 12. 2023 година, иако предходно тој рок за исплата според програмата беше до март месец.
Па оттука се поставува легитимно прашање – дали владата и министерството се свесни дека со ова поместување на крајниот рок за исплата од 9 месеци се испраќа уште една лоша порака до тутунопроизводителите чиј број од година во година се повеќе се намалува а со тоа се уништува и тутунопроизводството која е традиционална и значајна извозна култура за нашата држава. Исто така симптоматично е што средствата од дел 1 мерка 1 од оваа програма наменети за директни плаќања за растително производство се само во износ од 2.000.000.000 денари која е иста сума како и претходната година.
Па од тука се поставуваат неколку логични прашања
1. Ако вкупно се предвидени за оваа година 2.000.000.000 денари(за растително производство), а само за тутунот се потребни 1.648.000.000 денари, колку пари остануваат за другите култури што треба да се исплатат до 31 12 2023?
2.Дали тоа значи дека субвенциите за тутунот оваа година може да се случи и да не се исплатат за да има средства за другите култури?
3.Дали врз основа на средствата одобрени за 2023 година НАМЕРНО е предвидено неисплаќање на останатите субвенции предвидени со оваа програма која во целост треба да се реализира до 12-31-2023година?
Затоа јавно ги прашуваме премиерот Ковачевски и министерот Николовски кои земјоделци ќе останат без своите субвенции, бидејќи според сумата нема за сите. А на тутунарите овие средства им се потребни пред почетокот на новата реколта за да можат да го финансираат своето производство. Затоа јавно прашуваме и бараме искрен одговор од министерот дали и кога мисли да се исплати субвенцијата за тутунарите?
Со секоја подоцнежна исплата од месец април директно ќе се влијае на животниот стандард на тутунарите и ќе допринесе до намалување на количините кои и онака се преполовени поради погрешните политики во изминатите години во оваа област и ќе биде директен показател дека свесно се уништува тутунот од македонските ниви.
Игор Мирчески