fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Гостиварска фирма за малопродажба и увоз доби 2 милиони евра од ИПАРД програмата

Ќе се гради фабрика за преработка на овошје и зеленчук

Гостиварската компанија Монтенегро ДОО на почетокот на јуни добила сума од над два милиони евра државни пари, објави Фактор.мк.

Поточно, како што говори владиниот сајт за транспарентност Отворени финансии, таа компанија на 3 јуни годинава добила 133 милиони денари или 2,16 милиони евра.

Станува збор за исплата направена од Платежната агенција, односно од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, направена на 3 минатиот месец.

Со тоа гостиварската компанија избива на прво место меѓу компаниите кои добиле средства од државата, а кои порталот Отворени финансии ги објавува со цел јавноста да има увид за тоа каде поединечно за секоја ставка завршуваат државните пари.

Од Платежната Агенција велат дека овие средства се исплатени од ИПАРД програмата, на компанијата.

„Средствата се одобрени од ИПАРД програмата за изградба и опремување на преработувачки капацитет, за овошје и зеленчук“, објаснуваат од Платежната агенција.

Инаку, како што стои во нивната објава на интернет, Монтенегро е приватна семејна компанија која е основана во далечната 1963 година во Република Црна Гора.

Всушност, се почнало во 1963 година, кога Војин Пејчиновски и неговата желба да си направи нешто свое, почнал со кори за пита и корнети за сладолед, па со првиот гостиварски маркет, а се продолжило со увоз на храна, па мебел, па млекарница…

„Во 1988 година со отварањето на првиот маркет во Гостивар својот капитал го префрла во Македонија и е една од ретките македонски компании кои можат да се пофалат со долгогодишна семејна традиција, квалитет, посветеност, и иновативност која трае повеќе од 50 години.

Монтенегро е компанија која се состои од два успешни сектори: малопродажба на прехранбени производи во која со своите 6 маркети лоцирани во Гостивар повеќе од 30 години се грижи за своите купувачи; и увоз и дистрибуција на прехранбени производи од повеќе од 30 реномирани европски брендови.

Како корпорација денес Монтенегро вработува повеќе од 220 вработени и е најголем приватен вработувач во Гостивар.https://faktor.mk/gostivarska-firma-za-maloprodazba-i-uvoz-dobi-dva-milioni-evra-od-ipard-programata—kje-gradat-fabrika-za-prerabotka-na-ovoshje-i-zelenchuk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close