fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Младата зелена трева – опасност од нитратно труење

 

Во последните години сточарите одгледувачи на преживен добиток имаат проблеми со квалитетно и редовно снабдување со кабаста храна. Цената на кабастата храна е највисока кон крајот на зимата и почетокот на пролетта, па некакп по правило сточарите го чекаат првиот откос на трева и луцерка како извор на ефтина храна. Екстремно влажниот прв квартал од 2013 година, кога врнежите беа неколку пати поголеми од просечните, ги оневозможени нормалните агротехнички мерки за навремена прихрана на тревните насади поради тешкото и влажно земјиште. Оваа состојба беше посебно изразена во поплавените низински предели. Поради долгата и влажна зима, вегетацијата на тревните насади доцнеше, а поради обилните дождови и наглиот пораст на воздушната температура во април, тревниците интензивно растеа. Каде се најголемите опасности ??? Поради задоцнета прихрана со азот (КАН и евентуално УРЕА) и стресните услови за растенијата (суша, поплави и недостаток на сонце), дојде до перкумерно таложење на NО3 во младата зелена маса пред косење, а во исто време високите моментални температури ги испровоцираа тревниците на брз прераст, па затоа косењето оваа година започна порано од предвиденото. Оваа зелена маса користена во исхраната како свежа било со напасување, било при шталска исхрана, може да доведе до акутно нитратно труење. Најзагриозени секако се преживарите (крави, овци и кози) кои можат да изедат големи количини зелена маса за кратко време.

Зошто доаѓа до труење ???

Во нормални услови тревните растенија од земјата ги внесуваат нитратите (NО3) и самото растение ги редуцира во нитрити (NО2), кои понатаму се претварат во различни форми на азотни соединенија (аминокиселини и протеини). Стресните надворешни промени како што беа оваа година (суша, поплави и недостаток на сонце) предизвикаа и генетски стрес за растенитето, што доведува до трупање на нитрати (NО3) во растението. Ваквата зелена трева внесена во погплеми количини претставува ризик од акутно нитратно труење, поради тоа што микрофлората во бурагот нормално ги редуцира нитратите во нитрити, а нитритите ги претвара вп амонијак (NH3) кој што го врзува за сопствените животински аминокиселини и протеини. Процес на искористување на азот во бурагот на преживарите од нитрати до бактериски протеини: нитрати (NO3) => нитрити (NO2) => амонјак (NH3) => амино киселини => протеини При обилна исхрана-внес на зелена трева, процесот на претварање на нитрити во амонјак е поспор од редукцијата на нитрати и затоа доаѓа до таложење во бурагот на преживарите. Нитратите во поголема количина се ресорбираат во крвта на животото и бидејќи тие се отровни, доаѓа до нитратнп труеое. Нитратите во крвта ги оксидираат железните јони и хемпоглобинот и создаваат метхемоглобин кој слабо го пренесува кислородот до сите органи и ткива на животното. Поради недостаток на кислород во организмпт животното може многу брзо да умре. Знаци на труење Неколку часови после обилната консумација на зелена маса (зголемена количина на нитрати во крвта), доаѓа до забрзан пулс, пад на телесната температура, дезориентација, тресење, забрзано дишење, а пред самата смрт и до затемнување на слузницата и чоколадно кафеава боја на крвта.

Превенција

Ø Да не се прихрануват тревниците прекасно со азотно ѓубриво (најмалку 25 дена пред косење)

Ø При доцна прихрана да се внимава на количината на азот присутна во минералното дубриво (до 60 кг азот/ха)

Ø Да се искористува тревата во форма на силажа, сенажа или сено Ø Да се спречи исхраната со зелена трева по желба на животното

Ø Да не се косе тревата на облачно време

Ø При сончев ден косењето да биде попладне и навечер, кога содржината на лесно разградливите јаглени хидрати во тревата е најголема

Ø На млади, болни и стресно загрозени животни воопшто да не им се дозволува исхрана со зелена крма

Заклучок: Исхраната со зелена трева или други форми на кабаста храна (сено, силажа, сенажа) нема да ги задоволат хранидбените потреби на молзните животни, ако во исхранта не бидат внесени и други компоненти (резанци, ќуспе, слама, житарици и други додатоци) кои ќе дадат избалансиран оброк и ќе обезбедат доволно сурови влакна и хранливи материи за нормално функционирање на метаболитичките процеси на организмот.

Илчо Маролов

АПРЗ РЕ Штип

Слични написи

Back to top button
Close