Интерес за одгледување на лешник и ориз во Кочани

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2017)
Голем е интересот на земјоделците од Кочанско за закупување државно земјоделско земјиште и негово искористување за подигање насади од лешник, како и за одгледување ориз, велат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Lesnik
Во овој регион за закуп се понудени 25 хектари.
– Земјоделците можат да аплицираат за два од вкупно трите јавни огласи за давање под закуп државно земјоделско земјиште што ги распиша Министерството, односно за над три хектари по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е наменето за подигање насади со лешник и оризови ниви, а се наоѓа во стара катастарска општина Кочани, изјави раководителот на Подрачната единица на МЗШВ Јордан Димитров