fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Младите си одат, на грбот на постарите останува целото производство

Посочува дека младите од економски причини ги напуштаат руралните области, а возрасните не можат сами да ги обработуваат нивите и да го искористат сиот нивен капацитет.

Еден од најголемите проблеми во земјоделскиот сектор е стареењето на работната сила- се посочува и во последната владина стратегија за развој на земјоделството. Така во 2016 година само 4% од носителите на земјоделските стопанства биле млади на возраст под 35 години. Најголемиот дел, односно 62% имале повеќе од 55 години.

Ова е сериозен проблем во производството на храна, забележува и професорот Драги Димитриевски од Институтот за агроекономика. Посочува дека младите од економски причини ги напуштаат руралните области, а возрасните не можат сами да ги обработуваат нивите и да го искористат сиот нивен капацитет.

Ако на тоа се додаде проблемот со ниските цени на земјоделските производи што не можат да го следат поскапувањето на репроматеријалите, станува појасно зошто се намалува производството кај многу стратешки култури.

„Ако зборуваме, дека нели ќе кажат дека има почва, сонце вода, да, тоа е само предуслов, сето тоа треба да се изорганизира и да се стави во функција. Ние ако анализираме што се се случувало во последните 30-тина години од осамостувањето на државата ќе видиме дека некако ние ги напуштаме капацитетите. Производните капацитети, особено основниот ресурс земјоделското земјиште, неговата употреба се намалува низ годините“, вели професорот Димитриевски.

Намалување на производството има кај многу култури. Така, Македонија има потреба од околу 300 илјади тони пченица, а годинава се очекува дека ќе произведе 50 000 тони помалку, кои ќе мора да се надополнуваат со увоз. Во 1995 година на пример, годишното производство било 381 226 тони. Истата година сме произвеле 22 290 тони сончоглед, а во 2020 само 5 532 тони. И домашното производството на ориз, компир, месо, јајца се намалува со години, а земјава мора да увезува храна.

Инфографика
Инфографика

https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close