fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Многу Македонци се пријавиле за работа во Хрватска

Најбарани се сезонски работници како собар/собарка, продавач, келнер, рецепционер и готвач.

Најмногу заинтересирани за сезонска работа во Хрватска има од Македонија, Босна и Херцеговина и од Србија.

Имено, онлајн саем за сезонска работа Sezonac.hr, се одржа од 26 јануари до 4 февруари во организација на порталот MojPosao.

Оваа година учествувале 39 работодавачи – трговски синџири, хотелски кучи и угостителски објекти – што претставува раст во однос на 2021 година, која работници бараа 25 работодавачи.

Саемот забележа 147.000 посети и 1.060.000 прегледи на страницата, а посетителите на саемот можеа да се пријават на повеќе од 200 огласи.

Најбарани се сезонски работници како собар/собарка, продавач, келнер, рецепционер и готвач.

Повеќето огласени работни места се однесуваа на сезонска работа, но во значителен број имаше и понуди за постојано работно место по завршување на летната сезона.

Влупно собрани се 11.000 пријави за огласените работни места, а барателите на работа најчесто се пријавуваа за: работник на утовар-истовар на багаж или пратки на аеродром, продавач- благајник, собар/собарка и рецепционер.

Покрај оние од Хрватска, саемот повторно побуди големо интересирање и кај работниците од регионот и како и претходните години, забележани се голем број пријави на огласените работни места од страна на кандидати од соседните змеји, пренесува Poslovni.hr.

Најмногу заинтересирани за сезонска работа во Хрватска има кај работници од земјите од поранешна Југославија, како Македонија, Босна и Херцеговина и Србија.https://nezavisen.mk/mnogu-makedonci-se-prijavile-za-rabota-vo-hrvatska/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close