fbpx
Вести

Можност за одгледување хибридни кинески сорти ориз во Кочани

oriz

Претставници од амбасадата на Народна Република Кина, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Инситутот за ориз, денеска во Кочани одржаа средба за реализација на проект за одгледување хибридни сорти ориз од Кина преку платформата „16 + 1“ и Центарот за промоција на земјоделската соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

– Македонија и научните работници од Институтот за ориз имаат можност да спроведат проект за демонстративни опити на хибридни сорти ориз од Кина. Универзитетот во Пловдив веќе работи на тој план, па постои можност оттаму да се пренесат нивните искуства. Станува збор за сорти кои даваат четирипати повеќе приноси од досегашните. Потребно е да се направат сериозни анализи дали можат ваквите хибридни кинески сорти да успеат и на кочанската почва, рече Васил Гелев, директор на Асоцијацијата за земјоделска соработка со седиште во Софија.

Лидија Чадиковска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство порача дека како држава сме многу заинтересирани за спроведување на еден ваков проект.

– Македонија би била втората земја по Бугарија што во рамки на платформата „16 + 1“, а тоа е соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа би успеала да спроведе еден ваков значаен проект бидејќи во науката и истражувањето многу малку се истражувало во минатиот период. Сега се јавува можноста од кинеската страна и од страна на бугарските пријатели и колеги од Министерството за земјоделство од Бугарија и Универзитетот од Пловдив да се пренесе нивното искуство за една нова технологија за одгледување нови хибридни сорти ориз, изјави Чадиковска.

Пренос на знаења и искуство од релевантните институции од НР Кина на Институтот за ориз за примена на технологијата на овој терен е само дел од можностите што се нудат со проектите на платформата „16 +1“.

Според Гелев, проектите од ваков вид носат развој не само во земјоделството, туку и во селскиот туризам и отвораат можност и за ангажирање на нови работни сили.

На состанокот присуствуваше и градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев, кој побара од Министерството да се размислува и за кадровско зајакнување на Инситутот за ориз.


 

а1он.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close