fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Мухамед Ебипи од скопско Крушопек обработува земјиште од 7000 М2, по дипломирањето одлучил да се занимава со земјоделство

По завршување на факултетот, не сакал да започне да работи во некоја канцеларија, туку ја наследил работата на дедо му и татко му, а тоа е земјоделието

Ова е Мухамед Ебипи од скопско Крушопек. По завршување на факултетот, не сакал да започне да работи во некоја канцеларија, туку ја наследил работата на дедо му и татко му, а тоа е земјоделието.

Заработката е добра, но и оваа работа како и секоја друга, има свои тешкотии.

-Јас обработувам околу 7 до 8 илјади квадратни метри, не сум ги пресметал приближно но до 5, 6 или 7 илјади евра имаме годишно трошоци, вклучувајќи го семето, прскањето, ѓубрењето на земјата и многу други работи кои не е потребно да ги спомнувам-вели Ебипи.

ТВ21: Во моментов што садите?

Ебипи: Во моментов тоа се салатите или марулите како што ни се познати нам, тие се предвидени за на есен да се продаваат, повторно ќе садиме за во зима, нешто садиме и за во зима.
Покрај заработката, понекогаш има и загуби, особено поради климатските промени.

ТВ21: Имало ли моменти во годината или некоја сезона кога сте имале загуби?
-Се случува.
ТВ21: Вие лично дали сте имале?
-Се случувало да има многу дожд и да се оштетат насадите, или да падне град, или да се појави некоја болест, или семето на насадот да не биде оригинал.

За економските мерки на Владата за земјоделците, Мухамед вели дека биле штетни, бидејќи во оваа сезона доматите е тешко да се произведат за разлика од пролет.
Инаку сите тие кои сакаат да се занимаваат со земјоделие, им порачува да имаат познавања од оваа дејност бидејќи во спротивно може да не успеат.https://mk.tv21.tv/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close