fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

МВР повторно ги повикува граѓаните да ги заменат старите возачки дозволи до крајот на годинава

Сите капацитети на МВР и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните за смена на возачките дозволи до редовниот рок, без доцнење

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска во рамки на својата кампања повторно ги повикува граѓаните навреме да ги заменат возачките дозволи со старото уставно име на државата. Согласно измените во Законот за безбедност во сообраќајот, потсетуваат од МВР, нивната важност е до 31 декември.

„Министерството го повикува сите граѓани кои сè уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола до истекот на рокот со цел да не се создаваат непотребни метежи“,

велат од МВР.

Оттаму информираат оти сите капацитети на МВР и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните за смена на возачките дозволи до редовниот рок, без доцнење.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close