fbpx
ВестиМакедонија

МЗШВ за првпат потпиша колективен договор

За првпат, системски ќе се регулираат правата и обврските за личен доход кај овластените службени лица во Шумската полиција.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска за првпат го потпиша колективниот договор со кој се уредуваат, статусот, правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во потпушувањето на овој договор учествуваа и претседателот на синдикатот на вработените од Управата, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република Македонија Пецо Грујовски, претседателот на синдикалната организација при МЗШВ, Александар Диље и претседателот на Независен синдикат на Шумска полиција, Никола Гаговски.

“ За првпат, системски ќе се регулираат правата и обврските за личен доход кај овластените службени лица во Шумската полиција.

Исто така за првпат се регулира правото за добивање на додаток во висина од 30% за компонента, ниво за Овластени службени лица поради видот, природата и сложеноста на работите што се извршуваат како и тежината и посебните услови под кои се извршуваат.

Со овој колективен договор за сите вработени во Министерството се регулира правото за надоместок за дополнителни овластувања како и регулирање на надоместок за работа во комсии надвор од описот на работното место.“- Изјави министерот Хоџа

Колективниот договор ќе ги подобри правата на вработените во министерството но во исто време ќе овозможи поголема ефикасност и мотивираност во извршувањето на секојдневните работни обврски.

МЗШВ и Владата на РМ и во услови на Глобална пандемија од вирусот КОВИД 19 прави максимални напори да ги подобри условите за работа во оваа институција, овој колективен договор треба да послужи како дополнителен мотив во бескомпромисната борба на Шумската полиција против кривичното дело незаконска сеча.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close