![na 15 maj zavrshuva rokot za baranje subvencii za mleko i nesilki](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/na-15-maj-zavrshuva-rokot-za-baranje-subvencii-za-mleko-i-nesilki.jpg)
На 15 мај завршува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко од октомври до декември 2015 година, соопшти вчера Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Висината на поддршката е 3,5 денари за литар, а барањата се поднесуваат електронски, во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
На 15 мај завршува и рокот за поднесување барања за плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од октомври до декември 2015 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари.