Нестабилно време со локална појава на дожд, грмежи и ветер
Според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи денес времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
И во Скопје и околината попладне ќе има услови за локална нестабилност. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Во Битола денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне ќе има локален дожд и ретки грмежи. УВ=8. Температурата во Битола ќе биде до 27°С.
За утре, сабота, 18 јули, во Битола, времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде променливо облачно и нестабилно, со моќности за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град. УВ=7. Температурата ќе се намали и во Битола ќе биде до 25°С.
Метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи за викендов предвидуваат дека во недела ќе има услови за локална нестабилност со послаб интензитет, посебно во недела попладне, а од понеделник следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.