fbpx
Вести

На пазарот во Гевгелија се продава пролетна зелка

На пазарот во Гевгелија, се појави пролетна зелка која на купувачите досега им се нудеше не порано од крајот на април или почетокот на мај.

Производител од Богородица успеал речиси три месеци порано да произведе пролетна зелка, која во зависнот од големината, се продава по цена од 40 и 50 денари за парче.

na pazarot vo gevgelija se prodava proletna zelka

– Пробав и се уверив дека нашето поднебје овозможува овој производ да излезе многу порано од пластениците, меѓутоа трошоците се големи и неисплатливи. По оваа цена сега е добро за купувачите кои ќе ја имаат на трпезата,но не и за мене.Произведов мала количина, пробата успеа, но поголемите количини од пролетната зелка сепак ќе ги произведам кога и сите други земјоделци, рече производителот од Богородица.

Во овој период во гевгелиско-валандовскиот регион редовно се откупува зимската зелка која во зависност од квалитетот, на откупните пунктови денеска се плаќа по цена од 17 до 20 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close