На сточниот пазар во Облешево добиточниот фонд намален за 80 отсто
Според сточарите, појавата на болеста јазлеста кожа е причина за драстичното намалување на сточниот фонд во Кочанско, за дури 80 отсто.
Според сточарите, појавата на болеста јазлеста кожа е причина за драстичното намалување на сточниот фонд во Кочанско, за дури 80 отсто.
– Знаеме дека голем дел од сточниот фонд се уништи поради болеста и тоа негативно се одрази врз нашето работење. Со болеста Јавното претпријатие кое стопнисува со сточниот пазар во Облешево, претрпе огромни штети кои се движат околу 7.000 до 8.000 евра. Имавме понуда за продажба на околу 150, 200 или 250 грла во еден пазарен ден, а сега се максимум 20, 30 до 50 грла, изјави раководителот на сточниот пазар во Облешево Стевчо Николов.
Од сточниот пазар во Облешево и со апел до сопствениците на ситен и крупен добиток да отворат фарм-регистер за да си ја обележат, регистрираат и вакцинираат стоката, таа да биде легално маркирана и заштитена и оние што ќе купуваат, да имаат сигурна евиденција за заштитен добиток.