fbpx
ВестиВино

Над 20 тони вино испиени за време „Тиквешки гроздобер”

Над 20 тони вино биле испиени за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер” што се одржа во Кавадарци, соопшти попладнево градоначалникот Митко Јанчев.

За три дена подготовките траеле повеќе од шест месеци.

– „Тиквешки гроздобер 2018” беше најпосетен досега. Повеќе од 60.000 луѓе пробаа вино во градот на виновата лоза. Изненадувачки и многу позитивно е што за време на манифестацијата не е пријавено никакво нарушување на јавниот ред и мир, нагласи Јанчев.

Над 50 фирми дале поддршка на настанот. Градоначалникот им заблагодари на сите што на каков било начин придонеле за организацијата.


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close