fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Над 4.000 семејства од Битола аплицираа за субвенции за инвертер клима уреди

Општина Битола информира дека за субвенционирање на инвертер клима уред аплицирале 4.039 семејства, а Комисијата надлежна за спроведување на постапката утврдила 2.792 апликанти, потенцијални добитници на субвенцијата.

Според извештајот на Комисијата, за субвенција аплицирале 3.332 семејства од прва градска зона, а потенцијално, субвенцијата ќе може да ја искористат 2.328 апликанти, додека од втората зона евидентирани се 707 апликанти, но според критериумите на комисијата, во прелиминарниот список евидентирани се 464 уредни апликации.

Како што информираат од локалната самоуправа најголем број од апликантите се отфрлени заради неуредна документација.

Во функција на транспарентност и информирање на граѓаните за недостатокот во нивната апликација, сите граѓани, можат да испратат е-маил на следната мејл адреса subvencii@bitola.gov.mk со број на предмет, за кој ќе добијат образложение од страна на комисијата, соопштуваат од општина Битола. 

На истиот мејл, граѓаните можат да постават и дополнителни прашања поврзани со прелиминарната листа и процесот на физичката достава на документацијата.

Општина Битола со насоки кон апликантите кои се на листата, односно со обрврските на апликантите од оваа листа е да ја обезбедат и физички да ја достават документацијата согласно јавниот повик и правилникот, односно што да достават:

-Барањето за субвенционирање на домаќинства (се симнува од линк)

-Копија од лична карта

-Комплетен имотен лист

-Решение за данок на имот (доколку е потребно, односно доставено при електронското аплицирање)

-Изјава за промена на адреса (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)

-Изјава за носител на домаќинство (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)

-Сметка  (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)

-Фактура (оригинал)

-Фискална сметка (оригинал)

-Копија од трансакциска сметка

-Испечатена фотографија од печката

-Изјава за користење на инвертер заверена на нотар (се симнува од овој линк)

-Друго (доколку е потребно, односно доставено при електронското аплицирање)

Согласно протоколите за заштита од КОВИД 19, документацијата ќе се доставува според претходно утврден распоред, објавен на веб страната на Општина Битола, со точно прецизирано време и локација за достава на документацијата.

На следните линкови може да ја погледнете прелиминарната листа и потребните документи:

.

Слични написи

Back to top button
Close