fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Наголемо се купуваат акции од Стопанска банка Битола и Комерцијална банка

Поминаа два блока од по половина милион евра

Две блок трансакции поминаа  минатата недела на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, објави https://faktor.mk/

На едната беше продаден пакет акции на Стопанска банка Битола, и тоа околу 3,2 проценти од вкупната сопственичка структура на банката, а за нив беше платена сума од близу 550 илјади евра, или прецизно 547 илјади евра.

Или, на блок трансакцијата поминаа 12.460 акции на оваа банка, по цена од 2.700 денари за акција, која, пак, е речиси идентична со цената со која на истиот ден се тргувало со акциите на банката на редовниот пазар.

Со оглед што Стопанска банка Битола има вкупно издадени 390.977 акции, тоа значи дека поминатиот процент во четвртокот е 3,19 отсто.

Истиот ден помина и блок трансакција на значајна сума со акциите на Комерцијална банка, односно 460 милиони евра.

Беа истргувани 1.500 акции по цена од 18.840 денари, нешто повисока од редовното тргување.

Станува збор за мал процент од акциите на оваа банка.

Лани двете бани искажаа намера за спојување, а јавноста со нетрпение очекува да види каков ќе биде исходот од оваа можна најавена зделка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close