Најголем дел од Македонците живеат во сопствени домови, Германците главно изнајмуваат станови
Највисок процент на луѓе кои живеат во сопствени живеалишта има Косово со 97,8 отсто
На ниво на Европа, највисок процент на луѓе кои живеат во сопствени живеалишта има Косово – дури 97,8 отсто. Од друга страна, пак, Германија и Швајцарија се едиствените земји каде што сопствениците на домови се малцинство, а луѓето главно изнајмуваат живеалишта
Високи 85,8 отсто од граѓаните во земјава живеат во сопствени домови наспроти оние кои се решаваат да изнајмат живеалиште. Состојбата е слична во земјите од регионот, но и генерално во источниот дел од контитентот. Во Западна Европа, пак, процентот на луѓе кои живеат во сопствени домови е помал во однос на оние кои се решаваат да изнајмат живеалиште.
Ова го покажува анализата за сопственост на домови во Европа објавена на веб-страницата „Лангеист“, според податоци земени од Евростат.
Највисок процент на луѓе кои живеат во сопствени живеалишта има Косово со 97,8 отсто, Албанија е втора со 96,3 проценти, а во Романија 95,3 отсто од граѓаните живеат во сопствени наспроти изнајмени живеалишта.
Во Србија, Црна Гора и Хрватска тој процент е околу 90, во Бугарија 85, а во Грција 73,3 отсто од граѓаните живеат во соптвени домови.
Ситуацијата е поразлична во Западна Европа.
Па така, Германија и Швајцарија имаат далеку најниска стапка на сопственост на домови во Европа – тие се единствените земји каде што сопствениците на домови се малцинство. Процентот на лица со сопствени живеалишта во Германија изнесува 49, а во Швајцарија 42,2 отсто. Извор https://360stepeni.mk/