Најголемите 15 светски извозници на јаболко, меѓу нив и Србија. Македонија е 26та
Глобалната продажба од извоз на јаболка, достигна 7 милијарди долари во 2019.
Целокупната вредност на извезените јаболка падна во просек -1,4% за сите земји извознци од 2015 година кога светските пратки со јаболка беа вредни 7,1 милијарди долари.
Во текот на 2019 година, европските земји продадоа најмногу свежи јаболка во вредност од 2,7 милијарди долари или 38% од вкупното производство. На второ место беа азиските извозници со 23,8%, додека 14,2% од меѓународните продадени јаболка потекнуваа од Северна Америка.
Латинска Америка со исклучок на Мексико, но вклучувајќи ги и Карибите, имаше 10,4% од вкупната вредност, проследена со Океанија со 8,2%, претежно Нов Зеланд, и на крај, добавувачите во Африка со 5,4%.
Ви ги претставуваме 15-те земји кои извезуваат јаболка со најголема вредност, во текот на 2019 година.
- Кина: 1,2 милијарди американски долари (17,8% од вкупно извезените јаболка)
- САД: 961,6 милиони американски долари (13,7%)
- Италија: 841,2 милиони американски долари (12%)
- Чиле: 602,9 милиони американски долари (8,6%)
- Нов Зеланд: 566,6 милиони американски долари (8,1%)
- Франција: 433,6 милиони американски долари (6,2%)
- Јужна Африка: 374 милиони амеркански долари(5,3%)
- Полска: 367,3 милиони американски долари(5,2%)
- Холандија: 239,2 милиони американски долари (3,4%)
- Јапонија: 133 милиони американси долари (1,9%)
- Србија: 118,6 милиони американски долари (1,7%)
- Молдавија: 108,6 милиони американски долари (1,6%)
- Шпанија: 106,5 милиони американски долари (1,5%)
- Белгија: 94,7 милиони американски долари (1,4%)
- Турција: 89,7 милиони американски долари (1,3%)
- Наведените 15 земји испорачаа 89,8% од глобалните јаболка извезени во 2019 година по вредност. Согласно податоците на worldtopexports, Македонија е на 26то место со извоз од 20,5 милиони американски долари, со што од земјите во регионот, таа е трет најголем извозник, по Грција која е на 21 место со извоз од 43,2 милиони долари.