fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Најнова вест- 12 денари за „вранец“ и 10 денари за „смедеревка“ договор меѓу Хоџа и винариите

Дражавата ќе ја доплати разликата за досега откупеното грозје

12 денари за „вранец“ и 10 денари за „смедеревка“ ова е договорот  меѓу министерот Хоџа и винариите на средбата на која не присуствуваа лозарите. Без исклучок сите винарии да се придржуваат до овие цени и уште вечерва да ги објават на своите винарски визби. По овие цени ќе се откупува уште утре.

Договорено е сите досега што предале грозје под оваа цена разликата да им ја надомести државата. Министерот Хоџа очекува од утре да се отворат вратите на сите винарии и да се продолжи со откупот.

Хоџа за деталите како ќе тече понатаму откупот закажал средба со лозарите за во петок.

Хоџа истакна дека државата уште на почетокот на откупот на грозјето најавила дека државата се помалку ќе инвестира во доплата на разлика при откуп на цени затоа што лани државата за доплата на субвенции и разлики во цени и за ковид пакети платила 20,3 милиони евра. Што според министерот е навистина многу. Затоа ќе се оди на градење на релациите меѓу винариите и лозарите за да нема државата обврска да доплаќа во суми. Ако годинава државата  се вклучи во доплата на разлика тоа ќе биде минимално.

З.Б

Од МЗШВ објавија и

Постигнавме цврст договор со винариите!!!
Десет денари за Смедеревка и 12 денари за Вранец!
На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надокнадена од страна на винариите.
Корекцијата на цените стапува на сила веднаш, уште од вечерва.
Исто така, го реафирмиравме ставот дека ќе ја продолжиме дополнителната мерка од 2 денари директно за лозарите.
Нема да остане ниту еден грозд неоткупен!
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close